Злетовска Река е еден од поголемите водотеци во источниот дел од Македонија кој извира од Осоговските Планини. Изворишниот дел на реката има карактеристики на прашума, а изворот се наоѓа на надморска височина од 1.700 метри.
Речното корито во поголемиот дел е всечено во кристалести карпи и вулканити, а најизразено тоа е кај селото Мушково, каде има повеќе брзаци и 2 поголеми водопада.
No comments:
Post a Comment